Иефемерида: Нацрт спогодбата е подготвена, се наоѓа во рацете на Ципрас
Нацрт спогодбата е подготвена, има околу 20 страници и се наоѓа во рацете на Алексис Ципрас, објави грчкиот информативен портал Иефимерида.
Новинарот, повикувајќи се на свои извори, пишува дека нацрт спогодбата не ги содржи само грчките позиции, туку ги зема предвид и позициите на другата страна, а откако дипломатскиот документ ќе добие зелено светло од грчката влада, ќе биде доставено до македонската страна.
- Според ексклузивни информации на Иефимерида за составување на дипломатскиот документ, потребни беа многу работни часови, додека првиот и последниот збор го имаше лично Никос Коѕијас кој во изминатиот период ги интензивираше дипломатските напори и веројатно набргу повторно ќе го посети Скопје со авион што ќе слета на веќе преименуваниот аеродром, пишува порталот.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, Иефимерида коментира дека кај грчката страна постои оптимизам за постигнување договор поради поволните околности, меѓународниот интерес, но и поради тоа што актуелната влада во Скопје продолжува со постапките на добра волја и не само што ги преименуваше автопатот и аеродромот, туку отстрани еден од спомениците.
Иефимерида наведува дека дополнително и премиерот Заев, во секое негово јавно излагање ја повторува волјата на владата да направи чекори кон решение.
Сепак, според порталот, она што ја загрижува грчката страна, не е толку позицијата на Скопје земја, туку позицијата на коалицискиот партнер Панос Каменос
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација