-->
-->
Иџе: Во Чешка атакувам на титулата
-->
Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, викендов во Чешка, на патеката Мост, ќе ја вози последната трка од ФИА ЕТЦЦ шампионатот за оваа година.
Иџе има големи шанси за победа и освојување на шампионатот.
- Убеден сум во освојувањето на титулата. Ветувам дека заедно со мојот тим уште еднаш ќе дадеме се од себе. Патеката „Мост“ е непозната за мене, но, досега веќе докажав дека можам да ги совладам и непознатите патеки. Сите мисли ми се фокусирани на мојот последен настап. Во Чешка одам на победа, истакна „Летечкиот Македонец“.
Во Генералниот пласман моментно се наоѓа на четвртата позиција со 55 бода, зад Петр Фулин со 63, Шрајбер со 57 и Наѓ со 56 бода.
Трките во Чешка се закажани за 8 октомври, првата ќе се вози во 10:50, а втората во 12:30 часот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето