Спорт плус
16. September 2017 - 17:21

Иџе утре стартува од првиот ред

Македонскиот автомибилист Игор Стефановски Иџе постигна второ време на денешните квалификации во белгискиот град Золдер во шампионатот на ЕТЦЦ. Тој со својот СЕАТ имаше време од 1:39.564 минута.
Побрз од нашиот автомобилист беше Норберт Наѓ од Унгарија со време 1:39.222 минута и тие двајцата ќе го формираат првиот ред.
Трето време постигна Фабио Мота од Португалија.   
Стефановски е во конкуренција за освојување на шампионската титула. Трката се вози утре со почеток во 13 часот.