Спорт плус
11. November 2017 - 16:37

Иџе тестираше во Италија

Автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе имаше ексклузивна прилика. Го тестираше новиот ТЦР автомобил Hyundai  i30 N TCR за фабричкиот гигант во авто спортот- Хјундаи мотоспорт.
 
Новиот модел Иџе го тестираше на патеката Нуволари во Италија. Овој настан се случува на покана на долгогодишниот светски шампион во ВТЦЦ натпреварувањето, италијанецот Габриеле Таргвини .