Спорт плус
27. May 2017 - 20:05

Иџе победи на втората трка во ЕТЦЦ шампионатот на патеката во Нирбургринг

Македонскиот автомобилст Игор Стефановски – Иџе постигна одличен резултат откако на втората трка на патеката во Нирбургринг го освои првото место и на двете трки на оваа патека успеа да се искачи на победничкиот подиум.

За нашиот возач оваа е втора победа во ЕТЦЦ шампионатот откако првата ја имаше лани во  Имола , но ова е прв триумф со неговиот тим.

Второто место во втората трка го освои Португалецот Фабио Мота, третопласиран е Петр Фулин од Чешка победникот од првата трка. Тоа значи истите тројца возачи се најдоа на подиумот на двете трки. 

Нашиот возач од денешните две трки освои вкупно 18 поени со што ќе го подобри својот пласман и со вкупно 33 поени се ноаѓа на трето место во генералниот пласман зад водечката двојка Швајцарецот Шрајбер и Чехот Фулин.