Спорт плус
25. јуни 2017 - 9:30

Иџе петти во квалификациите во Португалија

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе на денешната трка во ЕТЦЦ шампионатот што ќе се вози во Португалија ќе стартува од петтата позиција. Тој на синоќешните квалификации имаше петто време – 2:05.211 минути. 
Најдобро време имаше Норберт Наѓ, а второ време има Петр Фулин. Пред Стефановски се наоѓаат уште Фабио Мота и Жозе Родригез. 
Во генералниот пласман води Крисјоханес Шрајбер со 44 бодови, Фулин е втор со 43, а Стефановски е на третата позиција со 33.