-->
-->
Иџе овој викенд го напаѓа подиумот во Белгија
-->
Викендов во Белгија, по пауза од неколку месеци, на патеката „Золдер“ од 15 до 17 септември, ќе се вози претпоследната трка во ФИА ЕТЦЦ за оваа година.
Игор Стефановски Иџе и неговиот Сеат се во топ четворката од девет возачи. Тој е во игра за шампионската титула. Од лидерот Петр Фулин го делат 15 поени, а само два од второпласираниот Шрајбер.
Патеката „Золдер“ на која Иџе ќе ја вози 5та трка оваа година, има 4 километри сив асфалт, 10 кривини и 50 годишна традиција. Золдер е непозната патека за нашиот автомобили ас, но тој истакнува дека целиот тим е комплетно фокусиран кон победа во Белгија.
„АКК Стефановски е подготвена и за овој предизвик. И покрај тоа што ова е патека која не сум ја возел досега, очекувањата се големи. Во екипата владее прекрасна атмосфера, а ние целиме кон победа“- истакнува Стефановски. Добар настан во Белгија може да ни обезбеди прво место, па затоа сите сме оптимисти, додава тој.
Во петок 15.09 ќе има тренинг возење, во сабота квалификации, а трките во недела ќе се возат во 13:05 и 14:10. Двете трки, фановите на Иџе ќе може да ги следат на спортскиот канал Еуроспорт 2 во18:00 и 18:30 или на собранискиот канал на националниот сервис во недела 17 септември.
До крајот на шампионатот, покрај претстојната трка во Белгија, останува само последната трка во Мост во Чешка, која ќе се вози од 6 до 8 октомври.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени
-
ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови
-
Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг
-
Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година
-
Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
-
Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово