Спорт плус
14. May 2017 - 10:20

Иџе 4-ти на Хунгароринг

Нашиот најдобар автомобилист Игор Стефановски-Иџе го освои 4. место на трката во Унгарија на славниот Хунгарорин каде ќе се вози уште една трка.

Нашиот ас стартуваше  од четвртата стартна позиција и по лошиот старт, каде што падна за две позиции, успеа да се врати и да дојде до четвртата позиција.
 
Сепак, Норберт Наѓ од Унгарија направи недостижна предност, па така нашиот Иџе мораше да се задоволи со ова остварување.
 
Со тоа, „летечкиот" Македонец доби нови пет бодови и стигна до бројката од 14 во генералниот пласман.
 
На втората трка Стефановски ќе стартува од осмото место, а таа е закажана за половина час.