Бизнис
29. May 2016 - 16:26

Иднината на Македонија е во органското производство

Органското производство може да биде иднината на македонското земјоделие. Ресурси и услови има, но засега многу мал број од земјоделците решиле да ги искористат. Тешкото менување на навиките е една од главните причини за таквата состојба.Во моментов на ниво на држава има околу 400 органски производители и неколку преработувачи, мала бројка во однос  на потенцијалот и можностите кои се нудат. Покрај природните услови во последните неколку години органските производители имаат и сериозна поддршка од државата .

,, Оваа поддршка трае седум или осум години меѓутоа од 2015 за некои мерки за уште поголем развој на органското воведовме, значи едни мерки се 30%, едни мерки сега веќе се 50, едни 70, а градинарството е со 100% зголемени субвенции во однос на конвенционалното производство.,, вели м-р Оливера Бичиклиски – помошник раководител на сектор за земјоделство

Од здружението на органски производители Органологистик од Струмица  велат дека овој тип на производство е многу поисплатлив, а адаптацијата од конвенционално во органско производство може да се направи лесно. Една од основните предности што ќе се добие е посигурен пласман  и повисока цена за произведеното.

,, Ги охрабрувам сите дека се што може да се произведе како органски прво мислам дека и во Струмица нема да е доволно, а не за Македонија, а пак за надвор и да не мислиме, значи секако дека може да се потроши.,, вели Ѓорги Хаџи Котаров – здржение на органски производители ,, Органологистик,, - Струмица

Со цел да се олесни начинот на органско производство министерството за земјоделие започна и промотивни кампањи насловени ,, Од природата за мене,,. Кампањите имаат за цел да ги информираат органските производите за сите поволности што  им стојат на располагање меѓу кои и големиот број на производи за заштита на растенијата дозволени во органското производство.