Бизнис
23. September 2017 - 16:54

Идната недела Владата треба да даде нов рок за поставување филтри на Југохром

Ќе го понуди ли Владата ветеното решение за Југохром ? Следната недела надлежните треба да се сретнат со менаџментот и да дефинираат нов рок за поставување на филтрите.
Од СИЕР велат дека ако државата тактизира ќе се чека да поминат изборите па да се излезе со конкретно решение за рестартирање на комбинатот,  што е најлоша опција. Агонијата на околу 1200 работници кои останаа на улица никако да заврши.
 
- Некој става на вага, дали ако Југохром работи ќе добие повеќе гласови во Јегуновце или во Тетово. Ако не работи проценката е дека Тетово ќе даде повеќе гласови
 
Менаџментот на фабриката потврди дека следната недела ќе потпишат договор со Владата за изградба на филтри на двете најголеми печки најдоцна до април. По ова ќе почнат со интензивна изградба. На прашањето дали  ова значи
дека работниците ќе се вратат на работа односно колку од нив, раководството вели дека е рано да се зборува.
 
Уште во јуни премиерот Заев оствари средба со синдикатот на Југохром и со раководството. И тогаш се разговараше за можноста да се рестартира комбинатот.
Владината прес служба соопшти дека еден од првите чекори што државата  ќе ги направи е решавање на проблемот
 
Пред три години компанијата доби двегодишен период да постави филтри со цел да се намали загадувањето во тетовскиот регион.
 
Рокот не беше испочитуван поради што државниот инспекторат во ноември лани изрече забрана за работа на печките во фабриката.