Македонија
22. May 2017 - 16:20

Идентификувани уште три лица осомничени за настаните од 27-ми април

28 годишен прилепчанец заработи кривична пријава за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Истрагата на МВР покажала дека тој на 27 април, насилно влегол во собранието и во салата 3 по туркањата со обезбедувањето успеал да се приближи и со удар со нога во стомакот го нападнал претседателто на СДСМ.

-Од страна на Единицата за насилен криминал обезбеден е видео запис со дејствијата кои ги презема и изготвен е фото албум. На 19-ти овој месец пријавениот е повикан, извршен е разговор во кој го појаснил начинот на извршување на кривичното дело, а во консултација со Јавен обвинител по извршениот разговор истиот бил ослободен, пишува во соопштението од МВР.

Од полицијата информираат дека до обвинителството доставиле известување за дејствијата кои истиот ден ги превземал вработен во единицата за потраги при СВР Скопје. На 27 април ОСЛ бил ангажиран како физичко обезбедување на протестите за заедничка Македонија, но заедно со демонстрантите влегол во собраниската зграда, од каде се упоатил во прес центарот при што се обидел да му го одземе пиштолот на вработен во одделот за заштита на определни личности и објекти кои испукале еден проктил во воздух, дополнително ОЛ со телефон ги снимал и им се обраѓал на обезбедувањето на лидерот на СДСМ и еден од пратениците од истата партија иако не бил службено ангажиран.

Викендов на аеродромот Александар Велики бил приведен 37 годишен Охриганец по кого имало локален распис. По разговорот со него во полициската станица во кисела вода бил ослободен.

Утре во кривичниот суд треба да стартува судското рочќиште за деветмината обвинети против кој обвинителството веќе поднесе обвинителен предлог за насилствата во собранието. Закажаното рочите минатата недела беше одложено поради отсуство на еден од обвинетите.