Свет
23. May 2017 - 11:26

Идентификувана првата жртва од масакрот: Џорџина имаше само 16 години

Џорџина Каландер (16) е првата идентификувана жртва на терористичкиот напад на концертот во Манчестер.

Оваа тинејџерка (16) во неделата непосредно пред да замине на концертот на својот идол, на својот Твитер напиша дека е толку среќна што ќе ја види омилената пејачка со која и се фотографирала пред 2 години.

View image on Twitter

 
Нејзините пријатели сега и оставаат проштални пораки на Твитер, поишувајќи ја како прекрасна личност, со најпрекрасно срце и душа.
„Вечно ќе ми недостасуваш, одмори се на поубаво место отколку ова овде“, стои во една од пораките.

View image on TwitterView image on Twitter

 
Најмалку 22 лица загинаа, а 59 се повредени во експлозијата која се случи пред крајот на концертот на музичката ѕвезда Аријана Гранде во Манчестер. Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава.