Македонија
4. December 2016 - 12:24

Идентификуван возачот загинат кај Подмоље

Вчера вечер околу 21.30 часот на магистралниот пат Охрид-Струга, кај с.Подмолје, патничко моторно возило „КИА“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Р. (37) од с.Мороишта, струшко, излетало од патот.
 
Од незгодата повреден е Б.Р., кој бил пренесен во Медицински центар Охрид, каде во 22.40 часот починал.
 
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.