Балкан
11. October 2015 - 13:05

Идентификуван еден од бомбашите-самоубијци во Анкара

Турските власти идентификуваа еден од двајцата бомбаши-самоубијци, што вчера извршија напад за време на мировниот марш во Анкара, при што загинаа 95 луѓе, а 246 се повредени, објави провладиниот турски весник „Јени шафак“.

Весникот наведува дека врз основа на анализа на делови од телото и отпечатоци од прстите утврдено е дека напаѓачот бил маж на возраст од 25 до 30 години.

Во радиус од 1,5 километри од местото на експлозијата пронајден е прст, за кој се претпоставува дека е на еден од напаѓачите. Експертите од судска медицина пронашле и тело на кое имало голема концетрација на барут, што упатува дека е можно да е еден од бомбашите-самоубијци. Во моментот се прават ДНК тестови.

Истрагата утврдила дека напаѓачите користеле и ТНТ експлозив. Се уште никој не презел одговорност за нападот.

Во Турција е прогласена тридневна жалост.