Свет
9. October 2015 - 10:25

ИД се приближува до сирискиот град Алепо

Радикалната групација Исламска држава денеска успеа да се приближи до Алепо, откако ги протера бунтовничките групи од неколку позиции северно од вториот по големина град во Сирија, соопшти Сирискиот центар за мониторнг на човековите права. 

- ИД никогаш не била толку близу до Алепо. Ова е најголемото приближување до некогашната економска престолнина на Сирија, изјави директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман.

Борците на ИД влегле синоќа во жестоки судири со бунтовничките групации за контрола на три населени места и воената база, која е под контрола од бунтовниците од 2012 година.