ИД објави „терористички прирачник“
Џихадистичката група Исламска држава објави вознемирувачи „прирачник“ за своите членови кои би требало да извршуваат терористички напади, во кој им се советува како треба да се оденсуваат додека живеат на Западот и да се претвораат дека се христијани и дека водат западен живот.
Како што објави британскиот весник „Дејли Мејл“, „прирачникот“, кој е преведен и на наглиски јазик, претставува ажурирана верзија на оригиналниот текст со инструкции кои во минатото ги имаше објавено Ал Каеда.
Во него се нудат „безбедносни совети“ и „упатства“ за извршување терористички напади за т.н. „волци-самотници“, но и за помалите ќелии на ИД.
Во „прирачникот“ во 12 поглавја на 64 станици на терористите, меѓу останатото им се објаснува како да се вклучуваат на интернет, а при тоа да не бидат забележани и кои априкации на мобилни телефони да ги користат, а кои да ги одбегнуваат.
Меѓу другото „прирачникот“ содржи и упатсва за поставување бомби под автомобили и за начините како да се остане анонимен при користење на смартфон.
На членовите на групата што живеат на Западот, ИД им препорачува да ги избричат брадите, да се облекуваат во западен стил, облеката да им биде во тон, да употребуваат колонска вода, но не и парфеми и дури и да се преправаат дека со христијани со тоа што ќе носат ланчиња со крстови на вратот.
- Во такви случаи дозволено е да се носат ланци со христијанскиот крст. Како што знаете христијаните, дури и атеистите на Западот со христијанско потекло, носат крстови околу вратот. Но, немојте да носите (крстови) ако во пасошот имате муслимаксо име, бидејќи тоа може да изгледа чудно, се вели во „прирачникот“.
„Дејли Мејл“ потсетува дека ова не е прв „терористички прирачник“ на ИД. Во јуни минатата година, групата објави слични „прирачници“ за изработка на бомби и за ракување со огнено оружје.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок