Свет
10. August 2016 - 18:24

ИД најверојатно собори либиски воен авион

Либиската армија изгуби контакт со еден авион, а Исламска држава тврди дека го соборила военото летало.

- Врската со авионот е изгубена додека истиот летал на градот Сирт, бастион на ИД, соопшти прес службата на операцијата за борба против џихадистите.

Новинската агенција на ИД, Амак јави дека нејзини борци го собориле авионот на либиската армија и дека пилотот загинал.