-->
-->
Ибра опериран, се надева дека повторно ќе игра
-->
Златан Ибрахимовиќ сè уште не го кажал последниот збор во фудбалот. Искусниот напаѓач успешно е опериран по тешката повреда на коленото, по рехабилитацијата ќе се врати на фудбалските терени.
Ибрахимовиќ се повреди на натпреварот со Андрелехт, во Лига Европа. Тој ги скина вкрстените лигаменти во коленото, повреда што предизвикува повеќемесечна пауза.
Првичните прогнози беа дека може да се врати на почетокот на наредната година, но неговиот менаџер е оптимист дека ќе може и порано да заигра.
„Операцијата беше успешна, целосно ќе закрепне“, рекол менаџерот Мино Раиола, по оперцијата која на Ибрахимовиќ му беше извршена во САД.
Ибрахимовиќ (35) има договор со Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната, а двете страни сè уште не се догориле околу евентуалното продолжување на соработката.
Шведскиот напаѓач сезонава има постигнато 28 голови за Јунајтед.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина