Бизнис
16. August 2016 - 16:09

ИБМ: Македонија е лидер во светот по објавени нови работни места од директни странски инвестиции

Македонија е лидер во регионот според бројот на ново отвореnи работни места од странски инветситори. Рангирањето го изврши ренормираната истражувачка организација  “IBM Institute. Веста на својот фејсбук профил ја сподели и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.

Покрај сите предизвици со кои што се соочуваше и соочува нашата држава на политички план и наметната политичка криза што со себе ги донесе и пропратните економски ризици, еве и една одлична вест за нашата држава, напиша тој.

Република Македонија е рангирана на првото место во светот по бројот на ново oтворени работни места, компаративно гледано со другите земји по глава на жител. Убедливо пред сите останати земји во регионот, Европа и светот. Институтот  укажува на тоа дека и малите држави може да бидат успешни и Македонија втора година по ред е рангирана на првото место во светот, вели Груевски

Според него, она што е поважно е дека политиките за привлекување на странски инвестиции даваат резултати и тие се вреднувани од оваа како и многу други меѓународни организации.

„Мојот сон, часовите поминати со тимот за инвестиции во реализација на она во што силно веруваме се исплатува. Мојата лична цел уште од првиот ден кога ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата да ја управува државата е како да се намали невработеноста, она што преставуваше можеби и најголемото барање и најболната страна на македонските граѓани. И после извесен период можам да кажам дека во голема мера успеавме, ја намаливме невработеноста. Тоа го говорат и бројките. Од 38 осто колку што изнесуваше во време на СДСМ ја намаливме на 24.5 отсто во првиот квартал на оваа година, а цели 2.8 отсто за само една година. Огромен удел во ова намалување имаат странските директни инвестиции кои носат нови работни места за невработените но и работа и вмрежување со многу домашни компании“, напиша лидерот на владејачката партија.

Груевски вели дека ова е и најдобар демант на оние кои ги критикуваат политиките за носење странски инвестиции. Инвеститорите се потребни затоа што носат брз напредок, создаваат нови работни места и се силна потпора за домашното стопанство. 
 

Зошто работните места се толку важни за нас и зошто тие се во врвот на нашиот интерес? Новата работа освен обезбедување на финансиска стабилност за невработениот значи и стекнување на чувство на сигурност, врз кој се темели и секој понатамошен негов потег, напиша Груевски.  Ние и во иднина ќе продолжиме да помагаме, да работиме на отворање на нови работни места. Лесно е да се критикува, но многу е потешко да се сработи. Ние го одбравме потешкиот, но и исправен пат, да се работи за граѓаните. Нашето време нема да го трошиме на безаргументирани критики, хушкања, деструкција, нашето време го трошиме на работа, на решавање на проблеми заедно со народот. Затоа што ние држиме до зборот даден до граѓаните. Македонија мора да оди напред, порача Грувески преку социјалната мрежа.

“IBM Institute for Business Value” е реномирана деловна истражувачка организација која се фокусира на менаџерски и економски прашања со кои се соочуваат компаниите и владите од целиот свет. Таа има свои канцеларии во Европа, Кина, Индија, Ирска, Јапонија, Холандија, Јужна Африка и САД, и објавува помеѓу 35 и 50 големи студии секоја година.