Спорт плус
12. April 2017 - 11:59

ИААФ ги враќа руските атлетичари на патеките

Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) им дозволи настап на уште седум руски атлетичари, на престојните натпреварувања, но под неутрално знаме.
 
Русија во ноември 2015 година доби суспензија од сите меѓународни натпреварувања, а само атлетичарите кои добија дозвола од ИААФ можеа да се натпреваруваат, но под неутрално знаме.
 
Поради систематскиот допинг Русија не учествуваше на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, а по завршувањето на Игрите суспензијата беше продолжена.
 
Во вторникот ИААФ на седуммина атлетичари им дозволи да настапат на престојните натпреварувања, а најпознати меѓу нив се светскиот првак на 110 метри со препони Сергеј Шубенков и светската шампионка во скок во височина, Марија Кучина