Македонија
25. May 2017 - 16:32

И во Македонија има фалсификувани цитостатици и лажна вијагра

Виагра и скапи цитостатици се најфалсификувани лекови. И во билтените на македонската царина често се среќава заплена токму на ваква терапија при обидот за шверц во и низ земјава.

Нелегално увезените лекови потоа се продаваат преку интернет. Според фармацевтите срамот на луѓето во аптека да купат препарат за потенција ги тера да купуваат непроверени таблети кои  можат да им го загрозат задравјето.

-Доколкку има неквалитетна или во поголема количина активна супстанца, таа може да предизвика остри несакани реакции. Кај виаграта ќе предизвика кардиоваскуларни проблеми, кои завршуваат многуи лошо по пациентот и потоа се прават дополнителни трошоци за лекување, изјави проф. Бистра Ангеловска, претседател на Фармацевтската комора на Македонија.

Од фармацевската комора велат дека гарантираат само за квалитетот на лековите во аптеките. Фалсификатот ако бил добро направен граѓаните тешко можат да го препознаат.

-Фармацевтите се обучени да препознаат фалсификат. Уште на самото пакување може да се забележи дека не е оригинал лек, додава проф. Ангеловска.

Од 2015 со закон е забранета он лајн продажба на лекови кои се издаваат на рецепт во Македонија. Но секогаш постојат нелегални канали за дистрибуција на фалсификати кои неможат да ги спречат ниту надлежните институции.

Од фармацевтската комора советуваат граќаните посебно  да внимаваат кога купуваат лекови преку интернет зошто лесно можат да предизвикаат здравствени проблеми.