Македонија
30. November 2017 - 19:59

И вечерва протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Кривичниот суд

Тука сме да им порачаме на антимакедонската партија СДС, дека знаеме оти сето она што го прават последниве денови не се базира на докази и аргументи, туку на лажни обвинувања кон нашата партија и нашите пратеници, кон нашите членови и кон сите оние кои не мислат исто како нив, истакна Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ, на вечерашниот протест пред Кривичниот суд.

-Ова е преседан, ова никогаш не се случило. Знаеме дека апсат луѓе врз основа на искажани ставови. Се ситат на апсењето на нашите патриоти. Знаеме и зошто го прават тоа. Сакаат да го скршат духот на Македонецот и да не дефокусираат од штетните антидржавни политики кои ги прават, рече Нацев и додаде:

„Не можат да го скршат ВМРО, ВМРО е врежано во срцето на сите патриоти и затоа сме тука да им порачаме: Нема да ви помине овој обид да ја изманипулирате македонската јавност“.

Се собравме на дожд, дожд од кој ќе порасне слободарскиот дух и отпорот на Македонија, отпорот против оваа ненародна узурпаторска власт, истакна Оливер Андонов од пред Крвичниот суд каде ВМРО-ДПМНЕ доцна попладнево одржува протест.

-Узурпаторски дојдоа на власт, така и се однесуваат. Ги апсат под измислени обвиненија нашите браќа и сестри и тоа со едноставна цел која ја видовме. Протестиравме со песна, со македонската песна и химна и повторно сме тука со македонската песна и химна и името Македонија и повторно ќе сакаат да не апсат, како што ги уапсија нашите браќа и сестри, само затоа што си ја сакаат татковината. Токму затоа што ја сакаме Македонија, затоа сме подготвени да страдаме за неа, да бидеме горди Македонци и да бидеме сите заедно и да им покажеме на оние надвор и на изродите тука дека ова е наша татковина и нема да им ја дадеме. Силата е во народот, може да малтретираат, да измислуваат но нема да не скршат, ќе останеме Македонци и ќе дадеме поддршка, вели Андонов.

Тој посочува дека ако Митко Чавков сакал да направи државен удар, тоа можел да го стори додека протестирале „шарените“.

-Да сакаше било кој во Македонија да направи државен удар, тоа можеше одамна да го направи. Најголемата грешка можеби беше што аболицираниот криминалец кој бега од судот, не беше приведен кон правдата за предавство на сопствената држава и еден куп криминали кои ги стори. Убеден сум дека и тој и целата негова клика еден ден ќе одговараат пред сите вас, пред македонскиот народ за она што го сторија и што го прават на Македонија, вели Андонов.

-Ако е грев да се сака татковината, ако е грев да се сака Македонија, ако е грев да си патриот тогаш и јас сум терорист, истакна Горан Манојловски од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот протест кој се одржа пред Кривичниот суд во Скопје.

-Треба да се срамат од нивните дела, треба да се срамат од ова што го прават. Ова нема да го заборавиме. Сите тие што пишуваат обвиненија, што спроведуваат туѓи агенди, сите имаат име и презиме, сите тие еден ден ќе се изведат пред лицето на правдата, вели Манојловски.

Видеа од Македонија