Свет
1. јуни 2016 - 15:48

И Шведска ја продолжи граничната контрола до ноември

Привремената контрола на своите границите Шведска ќе ја продолжи до 11 ноември, соопшти денеска шведскиот министер за внатрешни работи Андерс Југеман, цитиран од ТАСС. 

-Оценката на ситуацијата во однос на редот и безбедноста во оваа област останува иста. ЕУ сфаќа дека на Шведска и е неопходна контрола на границите, па затоа и можеме да прифатиме одлука за рок подолг од еден месец, рече тој.

Претходно, одлуките за продолжување на граничната контрола се донесуваа секој месец. Но, минатата недела Европската комисија одобри оваа мерка да се воведува на подолг рок. Владите ќе треба да го информираат Брисел секој месец за актуелната ситуација во оваа сфера.