Живот
19. јуни 2017 - 14:10

И рекле да ја чува невиноста до прва брачна ноќ - го направила тоа и почнал пеколот

Ова е исповед на жена која била невина до брак. Растела во религиозно семејство, а родителите секогаш и зборувале дека невиноста е нешто најдрагоцени што го има.

Нејзината мајка и зборувала да ја чува невиноста по секоја цена, бидејќи нема посрамно од тоа во брак да се влезе раздевичен.

Таа верно слушала.

На 16 години родителите и дале прстен на чесност. Кога студирала се заколнала дека веќе нема ни да се бакнува со момчињата.

Со идниот сопруг излегувала една година, а потоа се вериле. По неколку месеци се венчале. Првпат се бакнале пред олтар, на што останатите луѓе не можеле да се изначудат. Секогаш ја прашувале како може да се омажи така, а без да знае дали си одговараат во сексот. Нејзе не ја интересирале хемијата и останатите работи, претпоставувала дека тоа само од себе доаѓа во бракот. 

Медениот месец бил исклучително болен. Кога се вратиле таа сфатила дека има вагиноза, односно згрчување на мускулите поради што сексот е исклучително болен, дури и невозможен. Следувале најмрачните месеци од нејзиниот живот.

По многу прегледи и психотерапии, сфатила дека подсвесно се убедила дека сексот е лоша работа, а вагинозата може да настане и од премногу строги родители.

-„Станав бесна и лута на сите, на сопругот, на семејството, пријателите и пред се, на Бога. Толку се трудев се да направам според правилата, а сега наместо награда имам само стрес и анскиозност. Кога почнав да зборувам отворено за проблемот, многу жени од мојата црква ми рекоа дека поминувале низ истото.“ - зборувала несреќната жена.

Денес таа ги советува сите млади да не се плашат и да не живеат по правила, а и на тоа дека водењето љубов е најубавото искуство доколку самите го направат такво.