Македонија
22. January 2016 - 19:27

И опозицијата во Србија со исти изговори сака да ги бојкотира предвремените парламентарни избори

“Во овој момент не постојат услови за фер избори, најдефанзивната стратегија би била бојкот на тие избори и затоа целта е да се создаде свест во медиумите и јавноста за тоа колку се важни условите за спроведување на фер избори“ – Ова не е соопштение на СДСМ, туку соопштение на српската опозиција.

Соочени со фактот дека српскиот премиер Александар Вучиќ ужива над 50% дкај граѓаните – српските опозиционери со најавите за бојкот многу наликуваат на македонските. Дотолку повеќе што и тие користат термини како “режим“, “диктатура“ или “тоталитарна власт“.

Освен огромниот рејтинг, заедничко  за Вучиќ и за Груевски и двајцата ја имаат подршката од меѓународната заедница во планот да се организираат избори на 24 арпил.

Според експертската јавност, доколку помине барањето на СДСМ за одложување на изборите би се случил преседан и нивните барања би ги следеле и останатите опозиции во регионот.