Македонија
11. August 2016 - 18:34

И Охрид се солидаризира

Oхрид со подршка  и помош за настраданите од силното невреме во Скопско.На повеќе пунктови низ градот се собира вода ,храна и средства за хигиена .Извидниците од Македонија и Франција кои моментално се на камп за тренинг на лидерство собираат помош на градскиот парк .

Акцијашкиот клуб Брег на младоста од Охрид пак заедно со 4 здруженија на сојузот на акцијашките здруженија од Босна и Херцеговина ,Словенија,Србија и Црна Гора под мотото да бидеме конкретни да бидеме хумани се на терен во расчистување на последиците од катастрофалната поплава во скопско.

Светски познатата група „The Prodigy“, која на 14 август ќе настапи во рамките на првото издание на фестивалот на отворено „Охрид колинг“.на својата Фејсбук страница напиша дека ќе донира за настраданите од поплавите.

Инаку вечерва Охрид ќе биде домаќин на хуманитарен концерт на градскиот плоштад на иницијатива на фолк пејачката Елена Велеска на кој ќе настапат голем број на уметници а за време на концертот, од страна на „Црвениот Крст“ ќе бидат поставени пунктови за финансиска и материјална помош, а собраните средства ќе бидат донирани за настраданите во поплавите.