Loading Video...
Фудбал
11. March 2018 - 18:11

И небото заплака над Фиренца, Фиорентина се прости од Астори

Играчите и навивачите на Фиорентина се простија денеска од својот капитен Давиде Астори. 

Тага и натажени лица го исполнија стадионот Артемио Франки на мечот со Беневенто во италијанското првенство  откако попладнето беше посветено на трагично починатиот капитен Давиде Асторе кој пред недела дена почина во Удине. 

Сите фудбалери го носеа дресот со број 13 и презимето Астори.  На транспарент беше испратена пораката , постојат луѓе кои никогаш не умираат и приказни кои се вечни...среќен пат капетане“

Во минутите на оддавање почит во Фиренца заплака и небото и почна да врне. 

Фиорентина го совлада Беневенто со 1-0.