И мртов нема мир: Ќе се откопуваат посмртните останки од Дали
Судот во Мадрид нареди да се изврши ексхумација на посмртните останки на познатиот шпански сликар-надреалист Салвадор Дали, со цел да се земат примероци за утврдување татковство на една жена.
Мариа Пилар Абел Мартинез, која е родена во 1956 година, тврди дека Дали е нејзин биолошки татко, од љубовната афера на уметникот со нејзината мајка, која во 1955 година работела кај него како домашна прислужничка.
Уште истата година, мајката ја напуштила таа работа, се преселила во друг град и се омажила.
Судијата на мадридскиот суд објаснил за шпанските весници дека ексхумацијата е неопходна, затоа што Дали нема биолошки потомци, ниту пак други работи кои би можеле да се користат во постапката.
Салвадор Дали почина во 1989 година, на 85-годишна возраст. Погребан е во театар-музеј, што самиот го има дизајнирано, во неговиот роден град Фигуерес, во североисточна Каталонија.
Во време на аферата со прислужничката, прославениот сликар беше во брак со својата сопруга и уметничка муза Гала, родена како Елена Ивановна Дјаконова, со која нема деца.
Мариа Пилар која работи како гледачка на тарот карти, го има покренато процесот за татковството на Дали во 2015 година.
За мадридските весници таа изјави дека нејзината мајка многупати, дури и пред други луѓе, зборувала дека нејзин биолошки татко е сликарот Дали.
Ново на Сител
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост