Живот
27. April 2016 - 20:21

И кажале дека е премногу дебела за бикини - A потоа им ја затнала устата!

Дебелите луѓе често имаат проблем со јавното понижување и многу од нив тешко се справуваат со тоа. Сепак, постојат и оние кои се издигнуваат над целата ситуација и токму тие може да бидат пример за сите луѓе кои имаат проблем со самодовербата.
 
Оваа жена одлучила негативното искуство да го претвори во нешто добро, па напишала многу силна порака на Фејсбук, чија цел е да ги мотивира жените низ светот да го прифатат своето тело и да ја зајакнат самодовербата.
 
Секогаш ќе има злобни луѓе кои ќе ги малтретираат другите поради нивната старост, тежина или физички изглед, но во тие моменти е важно да се сетите дека се работи за обични насилници и дека тоа што ќе го кажат тие нема врска со вистинската убавина и вредност.
Во пораката која ја објавила на Фејсбук напишала:
 
- Денеска една девојак во продавница рече дека „девојките како мене“ не би требал ода носат бикини. Да ви кажам нешто. Среќна сум самата со себе и со својот голем стомак прекриен со светло темни ленти.
 
Но, истото може да и се случи и на девојка која собрал храброст да облече бикини, па на овој начин би и ја уништила самодовербата со еден глуп коментар.
 
Можете да бидете во било која големина и да изгледате добро. Самодовербата е она поради што сте секси, а не малиот кофекциски број. Ти благодарам што ме понижи јавно. Благодарејќи на тебе добив голем попуст на бикини.
 
Со многу љубов, дебелата девојка со многу голема самодоверба - завршила Џес.