Македонија
20. January 2017 - 17:00

И годинава бесплатен туристички викенд и бањи за пензионерите

И годинава пензионерите ќе можат да одат на бања и на туристички викенд на сметка на државата. Пријавувањето почнува од денеска. Сите заинтересирани можат да достават  барање за користење на еден од проектите. Поволонста се користи само еднаш и тоа од март до номеври годинава. Оние пензинери кои претходните години  искоритиле бесплатен туристички викенд и се рекреирале во бања сега немаат право повторно да одат. Право да аплицираат имаат корисниците на старосна, семејна и инвалидска пензија.

Од министерството за труд уште еднаш потенцираа  дека на пензионерите кои  бесплатно ги користат овие услуги , потао нема да им се крати од солидарниот фонд за погребнина.

За овие два проекти за годинава обезбедени  46 милиони денари.  Од 2010 година кога прв пат почна да се примену бесплатна бањско- климатска рекреација, до лани мерката ја искористиле 37 .200 пензионери, а за две годни пак  бесплатниот туристички викенд го искористиле  4.740 пензионери.