И денеска сончево време
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, поизразен во Повардарието. Температурата ќе се движи од 11 до 16 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност. Преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а температурата ќе достигне до 12 степени.
Во недела претпладне по котлините ќе има појава на магла, а попладне најпрво во западните делови ќе има врнежи од дожд. Во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе се прошират насекаде, на планините ќе бидат од снег и ќе започне да дува засилен северен ветер. Преку денот ќе биде студено и ветровито, а врнежи од снег се очекуваат и на некои повисоки места, особено во западните делови.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација