-->
-->
И Анчелоти бара видеотехнологија во фудбалот
-->
Тренерот на германскиот шампион Баерн Минхен, Карло Анчелоти, ја повика УЕФА да воведе видеоснимки, како дополнителна помош за судиите, на натпреварите во Лигата на шампионите и Лига Европа, повторуваќи дека неговиот тим бил елиминиран во четвртфиналето од мадридски Реал само поради судуските грешки.
„Постојат добри и помалку добри судии. Секој греши, но тоа не смее да се случува на вака високо ниво. Во четвртфиналето ни беше направена голема неправда. Во историјата ќе влезе дека Реал го победил Баерн, но она што се случуваше во реваншот во Мадрид го виде целиот свет. Потребно е да се воведе видеотехнологијата, тоа е неопходно“, рекол Анчелоти, во интервју за весникот Кориере дела Сера.
Анчелоти, кој во периодот од 1999 до 2001 година го тренираше Јувентус, а од 2013 до 2015 година беше тренер на Реал, напоменал дека со голем интерес ќе го следи финалето на 3 јуни во Кардиф.
„Моите симпатии ќе ги добие тимот кој ќе игра подобро. За мене Буфон е посебен играч, а Реал не е само Роналдо“, рекол Анчелоти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците