Хуманитарна акција за подготвување оброци за бездомници
Иницијативата „Ретвитни оброк“ и граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“ попладне во 17 часот во близина на Универзалната сала ќе готват за бездомници и ќе го прослават вториот роденден на групата ентузијасти која подготвува и донира оброци на оние на кои им е најпотребно.
Организаторите посочуваат дека зготвените оброци утре во 12:30 часот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза ќе им бидат поделени на оние кои се гладни и живеат на раб на егзистенција.
- Од скромниот почеток сега стигнуваат до повеќе од 150 оброци спакувани во алуминиумски садови. Бројот на оброци секоја недела постојано се зголемува, а ова се должи на се поголемиот интерес и јавувањето на се' повеќе нови лица кои се приклучуваат, организации, фирми и хумани граѓани кои учествуваат во подготовката и транспорт на оброците дури и низ повеќе градови во земјава, наведуваат организаторите.
Ново на Сител
-
Дачиќ ја оцени како „дрска“ изјавата на Османи дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребереница за геноцид
-
Штрајкот на приватните специјализанти продолжува и утре
-
Хеликоптерите на МВР исфрлија над 50 тони вода врз пожарот во атарот на село Селце | ВИДЕО
-
Драма во Куманово - Со пиштол му се заканиле на оштетениот и му одзеле торба со пари
-
Претепана 28 годишна жена од мажот и неговите родители
-
Избувнал пожар во куќа во Скопје - Две лица повредени
-
Свештеник избоден со нож во текот на служба во Сиднеј
-
Демири ветува повисоки примања по изборите за приватните специјализанти