Хуманитарна акција за подготвување оброци за бездомници
Иницијативата „Ретвитни оброк“ и граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“ попладне во 17 часот во близина на Универзалната сала ќе готват за бездомници и ќе го прослават вториот роденден на групата ентузијасти која подготвува и донира оброци на оние на кои им е најпотребно.
Организаторите посочуваат дека зготвените оброци утре во 12:30 часот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза ќе им бидат поделени на оние кои се гладни и живеат на раб на егзистенција.
- Од скромниот почеток сега стигнуваат до повеќе од 150 оброци спакувани во алуминиумски садови. Бројот на оброци секоја недела постојано се зголемува, а ова се должи на се поголемиот интерес и јавувањето на се' повеќе нови лица кои се приклучуваат, организации, фирми и хумани граѓани кои учествуваат во подготовката и транспорт на оброците дури и низ повеќе градови во земјава, наведуваат организаторите.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето