Македонија
28. April 2016 - 14:24

Хуманитарна акција во Гази Баба

Во пресрет на велигденските празници членовите од Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје помогнати од општина Гази Баба и црквата „Архангел Михаил“ денеска одржаа хуманитарна акција.

Во дворот на црквата беа изложени домашно подготвените солени и благи погачи, колачи и бојадисани јајца кои го симболизираат најголемиот христијански празник Велигден.

Градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски во оваа пригода донираше средствата наменети за членови на Здружението кои се наоѓаат во висок социјален ризик.