Хрватските синдикати би можеле да формираат политичка партија
Хрватските синдикати се незадоволни од работата на актуелните партии во Хрватска и ја разгледуваат можноста за сопствено политичко активирање и за формирање „синдикална“ партија, јави Хина,
Ваквата можност е најавена на денешната тркалезна маса во Загреб насловена „Дали е време синдикатите да станат политичка активни?“ на која учествуваа поголем број синдикални претставници и експерти.
Еден од синдикалните лидери, Бранимир Михалинец изрази незадоволство од сите партии, како од оние од десницата, така и од левицата и се заложи синдикатите да формираат сопствена партија, која ќе ги промовира идеите на социјалната држава и ќе има свое независно раководство.
Во своето обраќање на собирот социологот Драган Багиќ оцени дека природата на организираноста на синдикатите е политичка и дека во Европа и во светот има повеќе примери на различни форми на соработка и односи меѓу синдикалните здруженија и политичките партии.
За ваквиот свој став тој го посочи и фактот дека и во Хрватка некои синдикати во предзбоирието им препорачуваат на своите членови за кого да гласаат, додавајќи дека синдикалните здурженија треба да настојуваат да го зголемат своето влијание врз оние кои носат политички одлуки.
Антун Вујиќ од Социјалдемократската партија (СДП) на премиерот во заминување Зоран Милановиќ истакна дека синдикатите мора да бидат политичка организирани, посочувајќи дека нивни „природен сојузник“ се партиите со социјалдемократска ориентација.
- Синдикатите треба да ја застапуваат идеологија, која ќе ги привлече новите генерации на работници и оние кои немаат право на социјална заштита и која ќе се залага за изградба на една социјална држава која сега е целосно уништена, порача Вујиќ.
Политикологот Верто Салај оцени дека на синдикатите им се нужни промени не само затоа што се незадоволни од политичарите, туку и затоа што граѓаните ја загубиле довербата во синдикатите какви што се сега.
Тој не ја поддржа идејата за формирање политичка партија од страна на синдикатите, нагласувајќи дека тие треба да бидат социјална сила како противтежа на економската сила на бизнисмените и дека треба да ја имаат улогата на невладини организации за сферите што се во нивни интерес.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право