Фудбал
15. December 2017 - 10:44

Хрватски платеници го направиле хаосот на српското дерби!

Србија е сеуште под страшни импресии од нередите на дербито Партизан - Ц.Звезда каде настана голем инцидент на јужната трибина а на фејсбук се веќе објавени имињата на сите хрватски државјани кои го пореметија 156. дерби.

Во медиумите се пишува дека зад инцидентот стои белградското подземје кое ги повикало „пријателите“ од Хрватска да им помогнат во преземањето на контролата врз јужната трибина.„Опасни момци кои се доведени од Хрватска, но и од Македонија, во соработка со локалните тепачи, требало да го превземат Југ. Планот било, по превземањето на трибината да започне скандирање против претседателот на државата, Вучиќ. Потоа со факели да испровоцираат реакција и на полицијата, по што би дошло до уште поголем нереди. Навивачи би влегле на терен и би го прекинале мечот. Платениците со факели во рацете тогаш требало да отидат со Север, каде што се „Делиите“ и да настане општ хаос. Потоа светските медиуми би пишувале како полицијата врши репресија над навивачите кои само сакаат промена на режимот“, открива извор на „ало.рс“. 

Во целиот овој план имало помош и од висок функционер во ФК Партизан, но и од криминалци од Србија и Црна Гора. Анонимниот извор објаснува зошто не се работи за само обично превземање на власта на трибината. 

„Бандитите од Хрватска ги платиле по 10.000 евра. Пресметките им биле дека ќе им биде доволно 50 силни момци, од кои некои од нив биле и кик-боксери, за да направат хаос. Сепак тие не пресметале дека сите останати навивачи на Партизан ќе тргнат против нив. Да сакале само да ја превземат трибината, тоа ќе го направеа на некој друг натпревар, кога на Југ има многу помалку навивачи. Тогаш тие 50 тепачи ќе можеа да направат контрола без проблем. Сепак не пресметале дека сите останати навивачи ќе застанат да ја одбранат трибината и така нивниот план пропадна“, стои во откривањето на планот, а изборот потенцира дека ниту еден од тие 50 тепачи кои го направиле инцидентот немал ниту една тетоважа која би била поврзана со Партизан.