Бизнис
10. April 2017 - 20:27

Хрватската влада назначи вонреден управител на Агрокор

По одлука на Хрватската Влада судот утрово го именуваше Анте Рамљак за вонреден управник на концернот „Агрокор“, најголемата балканска компанија.

Судот воведе и забрана за покренување судски, извршни и управни постапки против концернот и против 24-те компании кои се дел од него, меѓу кои се и „Конзум“, „Ледо“, „Јамница“, „Звијезда“ и „Тисак“.

Рамљак е именуван за принуден управник врз основа на т.н. „Лекс Агрокор“,законот што собранието го усвои за ставање под принудна управа на компании од системско значење за економијата на државата.

– Пред нас е битка за „Агрокор“, битка за работниците на „Ахрокор“, за добавувачите и за доверителите. Тоа е битка со цел да не дозволиме проблемите да се прелеат на целата хрватска економија и поширо во регионот, изјави Рамљак на заедничка прес-конференција со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Пленковиќ од своја страна рече дека приоритет во овој момент е да се обезбеди ликвидност на „Агрокор“ и на вработените да им се исплатат плати до Велигден.

Рамљак искусен менаџер кој управавал со повеќе хрватски компании. Именуван е за принуден управник на „Агрокор“, откако сопственикот Ивица Тодориќ поднесе барање до Трговскиот суд за активирање на законот „Лекс Агрокор“.

Новата управа ќе се обиде да ја реструктуира презадолжената компанија и да ги предоговори условите со кредиторите и добавувачите кои неодамна престанаа со дотур на стока во една од компаните на коценротн, најголемиот ланец маркети во Хрватска, Конзум, заради неплатени долгови.

Агрокор ширум регионот вработува над 60 илјади луѓе, а во Македонија има откупен центар за земјоделски производи.