Балкан
25. October 2016 - 9:00

Хрватската полиција уапсила кловн кој шетал низ град со секира: Кога му ја тргнале маската, останале во ШОК!

Во Вараждин е уапсен кловн во неделата во попладневните часови, јавуваат тамошните медиуми.

Кловнот бил облечен во костим и носел капа на главата, а ги плашел луѓето мафтајќи со секира.

По апсењето утврдено е дека станува збор за малолетно лице.

Потсетуваме, бизарниот тренд на облекување во кловнови од светот стигна и во Хрватска. Во повеќе случаи загрижени граѓани последниве денови во полиција пријавувале кловнови.

Полицијата издаде соопштение со кое ги повикува луѓето да ја известат полицијата доколку видат кловнови и самите да не преземаат ништо.