Бизнис
24. March 2017 - 13:39

Хрватска презема мерки за заштита од долговите на „Агрокор“

Владата на Хрватска подготвила нацрт закон за да се заштити економијата во државата поради проблемите во „Агрокор“.

Најголемата прехранбена компанија на Балканот со приходи еднакви на 15 отсто од БДП на Хрватска, е подложена на притисоци од инвеститори и државата да ги плати долговите.

Нацрт законот ќе биде активиран во случај состојбата во економијата да се влоши заради проблемите во „Агрокор“, објавија хрватски медиуми.

Законот ги заштитува работните места и дистрибутерите на „Агрокор“. Околу 60.000 луѓе на Балканот работата за оваа хрватската компанија.

Во септември долговите на „Агрикор“ беа околу 45 милијарди куни (6,55 милијарди долари), колку што се и на годишно ниво приходите – 50 милијарди куни.