Ракомет
27. July 2017 - 21:46

Хрватска пресилна за македонските јуниорки

Женската јуниорска ракометна репрезентација на Македонија со убедлив пораз ги почна натпреварите на Европското првенство што се одржува во Словенија. Во натпревар од групата Б Хрватска ја победи Македонија со убедливи 35:14 (14:3).
По почетното испитување на силите и водствот на Хрватска од 6:3, до крајот на првиот дел нашите јуниорки не ја погодија противничката мрежа што беше само најава на убедливиот пораз.
Леонида Гичевска со 6 голови беше најпрецизна во нашиот состав. На вториот натпревар од првото коло од групата Б, Русија ја победи Норвешка со 23:15.
Утре од 17 часот во дуел од 2.коло Македонија ќе игра против Русија.