Балкан
19. September 2017 - 13:26

Хрватска повторно издаде црвено предупредување за опасност, се очекуваат поројни дождови

 

По низата летни пожари долж јадранското крајбрежје на Хрватска во изминатите неколку дена во земјата беа надминати рекордите за количеството врнежи, а за денеска е издадено црвено предупредување за реонот на градовите Госпиќ, Риека и Сплит.

Според податоци на метеоролошките служби во градовите Пазин, Карловац, Пореч и Госпиќ, во изминатите денови се измерени најголеми количества врнежи од почетокот на мерењата во 1872 година. Рекорди во количества на врнежи за месец септември се забележани во регионот на Задар и на островот Раб.

Нови поројни дождови се очекуваат денеска и утре, а во Госпиќ и Огулин, кои викендов беа поплавени, метеоролозите прогнозираат над 40 милиметри дожд на квадратен метар.