Хрватска планира формирање најмоќна тајна служба во регионот
Хрватска планира формирање на посебно агенција за антитероризам, по примерот на британската команда за борба против тероризмот во рамките на Скотланд Јард, со што Загреб би можел да ја добие најмоќната разузнавачка служба во регионот, објави загребскиот весник „Експерс“.
Според весникот, оваа нова служба би имала карактеристики слични на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) и во неа би биле обединети разузнувачките, истражните и оперативните антитерористички дејности, кои сега се распределени на неколку агенции и министерства.
„Експрес“ наведува дека сопланот се предвидува оваа служба да ги обедини агентите на Безбедносно разузнавачката агенција (СОА) и на Антиерористичката единица на Министерството за внатрешни работи, со задача да работат на спречување на терористички напади, како и за брз одговор на евентуална терористичка акција.
Весникот додава дека целта на ваквиот план е подобрување на безбедносниот систем на Хрватска, со што би се добила единствена служба опремена и обучена за антитероризам.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево