Балкан
1. September 2015 - 10:02

Хрватска: На фестивал во Пула поради дрога уапсени над 170 лица

Хрватската полиција за време на фестивалот „Дименжнс Хрватска 2015“, што се одржа од 27 до 30 август во Пула, регистрира 171 лице за кршење на законот за сузбивање на злоупотреба на дрога, јави локалната полиција. 
 
Меѓу уапсените се 148 странци и 23 хрватски државјани.
 
Според податоците на полицијата еден државјанин на Хрватска и двајца државјани на Италија се осомничени за неовластено производство и промет на дроги. Од осомничените се одземени 115 грама марихуана, 21 грам кетамин, 29 грама џоинти, 34 грама хашип, 29 грама МДМА, 53 екстази, 6 грама кокаин, 7 грама амфетамин, 14 ЛСД, 4 грама спид и 0,8 грама хероин.
 
Полицијата наплатила и 138 казни во вкупна вредност од 471.499 куни (62.500 евра). 
 
Хрватската полиција откри и осум хрватски државјани кои поседувале ампули со гас и балони со гас, што илегално ги продавале.