Хрватска ја зголеми минималната плата и квотата за странски работници
Хрватска ја зголеми минималната плата за пет отсто и го зголеми бројот на работни дозволи за странски работници за 2018 година во обид да ја зголеми конкурентноста на својата економија, една од најслабите во Европската унија.
Освен тоа, Владата ги намали за 50 отсто придонесите за социјално осигурување што работодавачите треба да ги платат на минималната нето плата.
- Таа мерка треба да биде од корист и за работодавачите и за работниците, рече на денешната владина седница премиерот Андреј Пленкович.
Минималната нето плата од следната година ќе изнесува 2.752 куни или 364 евра, а бруто платата 3.439 куни или 455 евра, што е 43 проценти од просечната бруто плата за септември оваа година, пресметана на 7.989 куни.
Министерот за труд Марко Павич рече дека целта на Владата е минималната плата постепено да достигне 50 проценти од просечната бруто плата.
Околу 75.000 луѓе во Хрватска имаат минимална плата.
Владата исто така одлучи од следната година да го зголеми бројот на 31.000 дозволи за работа на странски работници.
Годинава квотата изнесуваше 9.000. Најмногу странски работници се бараат за работа во областа на градежништвото, туризмот и бродоградбата, како и за браварски работи.
Во Хрватска најмногу странски работници доаѓаат од земјите надвор од Европската унија. п
Ново на Сител
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг