Хрватска ја повика Словенија на дијалог за Пиранскиот Залив
Хрватска и натаму ја повикува Словенија да го продолжи дијалогот и да избегнува еднострани чекори и инциденти, а што се однесува на словенечката најава за наплатување казни за хрватските рибари, истото може да го направи и хрватската страна против словенечките рибари ако биде потребно, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на почетокот од првата седница на Владата оваа година.
- Ние и понатаму ја повикуваме Словенија да избегнува еднострани чекори, да избегнува инциденти. Нема никаков проблем во тоа нашата полиција да ги снима сите словенечки бротчиња кои ќе дојдат во наши води, рече хрватскиот премиер истакнувајќи дека најмал проблем е да се издаваат казни.
- Согласно тоа што го зборува словенечката страна, тоа се разбира го може и хрватската страна. Ги има сите податоци и доколку дојде до тоа се разбира дека и ние ќе посегнеме по такви чекори, додаде тој.
Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец вчера изјави дека словенечката полиција има право да наплатува казни за хрватските рибари кои ќе влезат во словенечки води во Пиранскиот Залив.
- Словенечката полиција ќе ги спроведува своите надлежности на море, вклучувајќи и наплатување казни. За тоа имаме евиденција, а рибарите кои нема да сакаат да платат ќе имаат потешкотии кога ќе дојдат во Словенија, изјави тој за „Словенски радио“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација