Бизнис
10. August 2017 - 20:21

Хрватска го повлече спорниот правилник - ги врати старите цени за увоз на овошје и зеленчук

Хрватска ја враќа старата цена за увоз на  овошјетo и зеленчукот. По реакциите на земјите од регионот вклучувајќи ја и Македонија, Загреб соопшти дека од утре третите земји повторно ќе плаќаат по 12 евра за секој вид на овошје и зеленчук поедиенчно, а не по 270 евра како што беше предвидено со новиот правилник.

Српските надлежни власти задоволни од брзото решение на спорот со Хрватска.

Од хрватското министерство најавуваат дека наскоро ќе се одржи состанок за поскоро прилагодување на земјоделците од регионот кон правилата на Унијата за користење на агрохемиски средства кои не се дозволени.

Хрватите потенцираат дека заштитата на потрошувачите  останува врвен приоритет и инспекциските контроли ќе се спроведуваат со ист интензитет.

- Секоја пратка на овошје и зеленчук во Хрватска мора и натаму да биде во согласност со оптштите пазарни стандарди – неоштетна, здрава, чиста, непрезреана и правилно означена, додека производите мора да издржат транспорт и ракување за на одредиштето да стигнат во задоволителна состојба: без штетници, несоодветен мирис или влажност, наведува хрватското Министерство.

По заедничкиот состанок на министрите неделава и ЕУ повика Загреб  да ги почитува трговските договори.  Единствено Србија деновиве како реакција почна со детална контрола на секоја пратка што влегува од Хрватска.

Новиот Правилник засегаше 168 земји, од кои најпогодени беа државите од регионот.