Свет
23. February 2018 - 13:01

Хрватска армија ќе се вклучи во чистење на снегот

 Снегот и понатаму го отежнува сообраќајот во голем дел од Хрватска - Лика, Горски Котар, централниот и северозападниот дел на земјата, а некои училишта се затворени.

Поради силниот ветар во сила се вообичаените ограничувања на некои делови од патиштата и автопатите, а во поголемиот дел од подрачјата каде снегот создава тешкотии, не се одржува настава. Во помош на населението од денеска доаѓа и хрватската армија која помага во чистењето на снегот.

Министерот за одбрана Дамир Крстичевиќ во текот на денот ќе ги посети најпогодените подрачја.

Слична е ситуацијата и на патиштата во поголемиот дел од БиХ, а во едно училиште во Крупа не се одржува настава. Патиштата се исчистени, но не се безбедни за сообраќај, по што локалните власти одлучиле училиштето да остане затворено.