Ракомет
21. January 2016 - 22:15

Хрватите им одржаа лекција на македонските ракометари

Лекција од модерен ракомет пред се во одбраната им одржаа Хрватите на македонските ракометари на ЕП во Полска. Резулат на таквата игра и убедливиот пораз 24-34.

 
Целата работа Хрватска ја заврши уште во воведните 15-тима минути кога и за прв пат направи и предност од 6 гола разлика (7-1). Од минута во минута играта на црвено-жолтите уште повеќе се распаѓаше, па во вториот дел селекторот Обрван се реши да им даде шанса на оние кои досега ретко добиваа шанса да заиграат.
 
Дејан манасков со 7 голови (4/4 од 7.метри) беше најефикасен во нашата селекција, за која капитенот Кирил Лазаров не постигна ниту еден гол (најверојатно ова е негов прв меч без гол за Македонија). 
 
За црвено-жолтите следува одмор од четири дена па во понедленик (18.15 ч.) нов меч против Хорвешка. 
 
Во првиот меч од четвртфиналната група 1, европскиот првак Франција беше убедлив против белорусија и славеше со 34-23.