Свет
27. January 2016 - 14:45

ХРВ: Поради страв од бегалците Западот ги ограничува човековите права

Стравувајќи од терористички напади и потенцијалните закани кои ги претставуваат бегалците, владите на западните земји ги ограничуваат човековите права и усвојуваат погрешни политики во име на безбедноста, соопшти денеска „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ).

Во својот годишен извештај ХРВ наведува дека Европа и САД покажуваат отворена исламофобија и бесрамно ги демонизираат бегалците.

Извршниот директот на ХРВ, Кенет Рот истакна дека обезбедувањето на сигурен пат за беглаците да стигнат во Европа би го намалил бројот на изгубени животи во Медитеранот и би ги олесниле безбедносните проверки.